Избегната трагедија во Австрија: Вињалес и Роси имаа невидена среќа (фото+видео)

На трката за големата награда на Австрија во кралската класа се избегна голема трагедија по судир на двајца возачи. Жоан Зарко и Франко Морбидели во битка за позиција приредија опасна сообраќајка, а нивните мотоцикли летаа неколку метри по патеката.

Настрана возачите кои се судрија,  дуото на Јамаха Маверик Вињалес и Валентино Роси исто така можеа да настрадаат и тоа многу потешко, но имаа голема среќа. Едниот мотоцикл прелета преку главата на Вињалес, додека вториот за малку го одмина Роси.

За среќа никој не е потешко повреден, а трката засега е прекината.

https://twitter.com/f1cult/status/1294972235032285184

https://twitter.com/darcyf1/status/1294971381042405377

- Оглас -

Најнови вести