Триумфален старт на сезоната за Новак Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ со пехар ја отвори новата сезона, најдобриот светски тенисер беше подобар од Кевин Андерсон со 2-1 (4-6, 7-5, 7-5) во финалето од ревијалниот турнир во Мубадала, Абу Даби. Србинот доста се намачи против одличниот Јужноафриканец, па мораше да прави пресврт откако го загуби првиот сет.

Се играше израмнето до 4-4, а потоа Андерсон го направи првиот брејк за 5-4, па на негов сервис го освои првиот сет. Истото се случуваше и во вториот сет, двајцата тенисери освојуваа гемови при свои сервиси, а Ѓоковиќ го скрши отпорот на противникот и со 7-5 успеа да дојде до израмнување.

Во решавачкиот сет, Ѓоковиќ можеше да го реши мечот и при резултат од 5-4, но испушти три меч-топки, а при сервис на Андерсон, српскиот тенисер ја искористи петтата меч-топка и со идентичен број на гемови го освои и третиот сет.

Светскиот рекет број 1, по освојувањето на овој турнир инкасираше 250 илјади долари, додека за поразениот Андерсон нема парична награда.

- Оглас -

Најнови вести