Триумфот на Лацио над Аталанта најмногу се славеше во новинарската ложа (Видео)

Непристрасноста на спортските новинари, особено кога на терен се две екипи од иста држава, е едно од основните правила кои припадниците на седмата сила треба да ги почитуваат, но не е секогаш така. Доказ за тоа е оваа снимка од новинарската ложа на „Олимпико“ во Рим. Откако Лацио ја совлада Аталанта и го крена победничкиот трофеј во Купот на Италија, голем дел од новинарите почнаа да скокаат и да викаат од радост, честитајќи си меѓу себе за успехот на клубот за којшто пишуваат во текот на годината.

Проценете дали новинарите од Рим претераа или не:

https://twitter.com/i/status/1128760859860324353

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести