Триумфот над Борнмут има посебно значење за Агуеро и Де Брајне

Манчестер сити денеска им се врати на победите на гостувањето кај Борнмут, меч во кој главните адути на Пеп Гвардиола повторно одиграа на потребното ниво за трите бода. Кун Агуеро мечот го заврши како двоен стрелец, еден гол постигна Стерлинг, додека Де Брајне и Давид Силва ги изрежираа погодоците.

Токму Агуеро и Де Брајне оваа победа има посебно значење за нив. Аргентинецот со двата гола стигна до 400 погодоци за клуб и репрезентација. Најмногу од нив ги постигна токму во дресот на Граѓаните, 235 гола, што го прави најдобар стрелец во клупската историја. За Атлетико застана на 101 гол, 23 му се за матичниот клуб Индепендиенте, додека за селекцијата на Аргентина Агуеро има 41 гол на своето конто.

Де Брајне се запиша во историјата на Премиер лигата како најбрз играч кој остварил 50 асистенции. На Белгиецот му беа потребни 123 натпревари во англискиот шампионат да стигне до јубилејниот број на асистенции, надминувајќи го рекордот на Месут Озил на кого му требаа 141 меча да запише 50 наместени погодоци.

Треба да се напомене и дека Давид Силва запиша 400 настапи во дресот на Манчестер сити во Премиер лигата, на тој начин ќе остане запаметен како најдобар играч на Сити во нивната историја.

- Оглас -

Најнови вести