Трка за билети, најбрзите 100 ќе може да влезат на стадион

Фудбалскиот клуб Сутјеска од Никшиќ, кој е актуелен црногорски шампион, одлучи на трибините за денешниот меч против Грбаљ, на стадион да пушти 100 фанови, и тоа првите 100 кои ќе дојдат пред источната трибина.

Во Црна Гора уште се на сила мерките на координативното тело за борба против заразни болести и мечевите може да ги следат максимум 200 луѓе. Ако интересот е голем, клубовите на разни начини ќе ги делат билетите на оние кои сметаат дека заслужиле.

Сутјеска за дуелот со Грбаљ, кој почнува во 18 часот, реши на малку поинаков начин да ги додели влезниците.

„Клубот донесе одлука 100-те билети да ги подели на влезот на источната трибина од стадионот. Капиите ќе бидат отворени од 16.30 часот и од тој момент, при влезот ќе се делат билети по принципот еден човек, еден билет. Сите кои нема да дојдат до билети, ќе имаат прилика да го сторат тоа во некој од наредните два натпревари кои исто така ги играме дома“, стои во соопштението на Сутјеска.

 

- Оглас -

Најнови вести