Одлично коло за „ајфон 11“ со Спортска прогноза, приклучете се денеска до 15.30 часот

Во тек се последните часови за вашите прогнози во 11. коло од Спортска прогноза, а рокот е до 15.30 часот денеска, со почетокот на првиот дуел од популарната Тринесетка меѓу Хофенхајм и Штутгарт во Бундеслигата.

Играта што е веќе во третата сезона станува се помасовна, со голем број учесници. Секое коло е возбудливо во трката за главната премија „ајфон 11“ што Sport Life и Спорт Манија ја доделуваат за сите што ќе ги погодат сите 13 двојки во секоја од посебните рунди.

Од ова коло повторно главни се клубовите, бидејќи заврши дружбата на репрезентациите и учесниците на Спортска прогноза.

Има многу интересни дуели, дерби мечеви во Топ-5 лигите, а во фокусот денеска се двете шпански пресметки меѓу Вилјареал и Реал Мадрид и Атлетико Мадрид и Барселона.

Меѓу двата дерби дуели од Ла Лига од 18.30 часот ќе се игра и англиското дерби во Лондон меѓу Тотенхем и Манчестер сити, а и утре и задутре ќе има интересен фудбал.

Посебно привлечни и за нас се дуелите меѓу Удинезе и Џенова во Серија А, каде еден против друг ќе се судрат Илија Несторовски и Горан Пандев и мечот Наполи – Милан.

Елиф Елмас ќе чека шанса за настап за Наполи против Милан, а колото завршува во понеделник со англискиот дуел меѓу Вулверхемптон и Саутемптон.

Секогаш треба да се внимава да се погодат и двата резервни пара, кои носат значајни поени во битката за Генерален пласман, која годинава е исклучително интересна во обидот да се стане шампион и да се стаса до наградата ТВ Смарт од 48 инчи.

Приклучете се денеска до 15.30 часот и забавувајте се со натпреварите што се на менито во 11. коло од третата сезона на Спортска прогноза.

 

- Оглас -

Најнови вести