Трофејот од СП е во Скопje – Жилберто Силва и претседателот Пендаровски го открија пред јавноста (ФОТО)

Трофејот кој што се доделува на победниците на Светските првенства се наоѓа во Скопје, каде што предмалку беше откриен од страна на фудбалската легенда Жилберто Силва и претседателот Стево Пендаровски.

„Мило ми е што сум тука во земја каде што луѓето го сакаат фудбалот. Ова е уникатна можност за сите затоа што кога зворуваме за трофејот на СП зборуваме за остварување на сонови за стигнување до врвот, да се биде најдобар. Знам дека Македонија беше многу блиску до пласман на СП и ова треба да биде мотивација да продолжите да работите напорно да се стигне до Мундијалот“ изјави Жилберто Силва.

Трофејот кој што тежи шест килограми и 142 грама, и има вредност од околу 20 милиони долари се наоѓа на светска турнеја, каде што крајната дестинација ќе му биде токму Катар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести