Трогателно: Севилја триумфот во Лигата на Европа им го посвети на починатите Пуерта и Рејес

Капитенот на Севилја, Хезус Навас, рече дека рекордниот шести трофеј во Лигата на Европа, тимот им го посветува на неговите поранешни соиграчи Антонио Пуерта и Хозе Антонио Рејес. Пуерта го загуби животот после срцев удар на натпревар во 2007 година, а Рејес лани загина во сообраќајна несреќа.

„За мене овој трофеј е посебен, бидејќи го кренав како капитен. Победата им ја посветувам на мојот покоен кум, на Рејес, и на Пуерта. Навивачите треба да се гордет со нас“ – изјави Навас кој од крило сега е малку поповлечен и игра како десен бек, но иако е ветеран, го повикаа во шпанската репрезентација за Лигата на нации.

После финалето, играчите на Севилја облекоа маици со ликовите на Пуерта и Рејес. Ова е прв трофејна андалузијците во Лигата на Европа, без ниту еден од тие две клупски легенди.

Хулен Лопетеги, на кого ова му е прв клупски трофеј во тренерската кариерата, истотака ги спомна Пуерта и Рејес.

„Оваа победа е за нив. Тие сега се во рајот, но уште ни помагаат“ – рече Лопетеги, кој ги пофали играчите што не потклекнале психички и не се предавале откако на последните три меча без досудени три пенали против Севилја.

- Оглас -

Најнови вести