Тројка за Љоренте, седмица од Тотенхем за Транмере

Тотенхем го декласира Транмере со 7:0, со шест голови во второто полувреме и се пласира во 1/16-финалето на националниот куп во Англија.

Серж Орие постигна гол во финишот на првиот дел како најава за голеадата на гостите во продолжението. Играчите на Тотенхем постигнаа дури шест голови во вториот дел, три од нив беа дело на Фернандо Љоренте, што им донесе пласман во следната фаза во ФА купот.

Љоренте има само два настапи во овој куп и двапати постигнува хет-трик. Резервниот напаѓач на Тотенхем постигна „тројка“ и против Рочдејл, лани, а и вечерва беше расположен. Орие постигна уште еден погодок во второто полувреме, а во листата на стрелците се запишаа и Сон и Кејн.

- Оглас -

Најнови вести