Тројката на Стеф Кари ја направи славна и ѝ ја зголеми цената за речиси двојно (Фото)

Стеф Кари одигра одличен меч против Милвоки и беше најдобар на теренот со 29 поени, но по завршување на средбата, кошаркарот не беше главна ѕвезда. По еден негов кош, Кари прослави во негов стил имитирајќи како игра голф, но во позадина се појави една девојка, која инстант стана светска сензација.

Таа скокаше од радост на поените на Кари, а голем дел од навивачите фокусот го насочија токму кон девојката, за која многумина се прашуваа која е таа. Подоцна стана јасно дека се работи за Кетрин Тејлор, ескорт дама која ги наплаќа своите услуги.

Цената на нејзините услуги изнесуваа 900 долари на час, а откако стана вирална на интернет, наводно цената и пораснала на дури 1.500 долари за еден час. Во разговор за „ТМЗ“ таа открила дека веднаш добила неколку понуди од спортисти, но не сака да ги открие нивните имиња.

Самата Тејлор откри дека откако стана светски позната, нејзиниот сајт буквално се срушил од премногу посети. „Ова беше најдобриот состанок на кој сум била во животот. Потсетете ме следниот пат да бидам целосно облечена“, коментирала Тејлор на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести