Тројно славје во Барселона: победија и ракометарите и фудбалерките и кошаркарите

Фановите на каталонскиот гигант Барселона, вечерва имаа три причини за задоволство, победија три нивни тимови во три различни спортови. Спортистите од Барса беа фаворити на хартија, и ја оправдаа улогата на трите меча.

Прво ракометарите на Барса благодарение на доброто прво полувреме кое го добија со пет голаа разлика, триумфираа на гости кај Загреб со 31-29 во Лигата на шампионите.

Потоа кошаркарите без поголеми проблеми, со добра игра во прва и трета четвртина го совладаа Монако во кошаркарската Евролига со 86-71.

Тројната радост ја заокружуваат фудбалерките кои во моментов водат со огромни 7-0 против Хамарби во Лигата на шампионите за жени и јасно е дека ќе победат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести