Тројно засилување за Клоп во пресрет на дербито против Сити

Ливерпул во недела (17:30ч) го пречекува Манчестер сити на „Енфилд“ во дербито меѓу двата последни англиски шампиони, кое може да влијае врз трката за шампионската титула.

Актуелниот шампион по 68 првенствени меча без пораз на домашен терен загуби од Барнли и Брајтон, па сега ќе мора да ја одбранат честа против моменталниот лидер на табелата.

Јирген Клоп може да биде посигурен во позитивен резултат со оглед на тоа дека во составот ќе му се вратат тројца клучни фудбалери. Алисон ја надмина настинката и се подготвува за дербито, додека Мане и Фабињо повеќе не се повредени, па и тие ќе конкурираат за настап.

Дополнителна добра вест е што Озан Кабак, последното засилување на Црвените, доби интернационална работна виза, па доколку е физички подготвен, ќе му се стави на располагање на Клоп.

Ливерпул моментално е четрти на табелата со 40 бода, Сити е на врвот со седум бода повеќе, но и натпревар помалку.

- Оглас -

Најнови вести