Тројца Македонци вечерва стартери во Лигата на Европа против англиски премиерлигаши

Тројца македонски репрезентативци вечерва ќе имаат можност да заиграат против клубови од англиската Премиер лига.

Стефан Ристовски и Аријан Адеми веќе и официјално се стартери во Динамо Загреб на дуелот на „Максимир“ од 18.45 часот против Вест хем, а од 21 часот во Лестер гостува Наполи и во италијанскиот тим, според сите најави, стартер ќе биде Елиф Елмас. Елмас требаше да почне на клупата, но Пјотр Зјелински има повреда која го спречува да игра на максимално ниво и тренерот Спалети му дава шанса на Елмас.

И Динамо и Наполи се аутсајдери на хартија, но тоа е мотив плус за нив да се докажат против квалитетни тимови од силната англиска лига.

- Оглас -

Најнови вести