Тројцата најдобри тенисери ги очекува ждребот на „смртта“ на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Карлос Алкараз може да се паднат во истата половина од ждребот на Ролан Гарос.

Најдобрите тројца тенисери на денешницава ја очекуваат последната АТП ранкинг-листа која излегува во понеделник, по што ќе биде познато кој во која од двете половини ќе биде.

Позицијата на Новак Ѓоковиќ ќе зависи од настапот на Мастерсот во Рим, односно дали тоа ќе биде прв или втор.

Рафа Надал ќе биде на четвртото или на петтото место, додека Карлос Алкараз нема да мрдне од шестата позиција бидејќи нема да настапи во Рим, така што н е невозможно да се паднат сите овие тројца во истиот натпреварувачки дел од вториот гренслем за оваа година кој на програмата е од 22 мај до 5 јуни.

- Оглас -

Најнови вести