Трпат најмногу критики, но сега го спасија Челзи од сензационален пораз во ФА купот

Тимо Вернер и Ромелу Лукаку се спасителите на Челзи во ФА купот и со по еден гол во второто полувреме направија пресврт за победа од 3:2 против Лутон во осминафиналето.

Лутон најави сензација со гол само по 100 секунди, а имаше и предност од 2:1 по 68 минути игра.

Сепак, Челзи, кој е разнишан со повлекувањето на Роман Абрамович, успеа да направи пресврт, а јунаци се двајцата играчи кои се меѓу најкритикуваните од навивачите.

Тимо Вернер израмни на 2:2 со погодок во 68-мата минута, а Ромелу Лукаку токму на асистенција на Германецот донесе и победа со гол во 78-мата минута.

Во првото полувреме Бурк и Корник постигнаа голови за второлигашот, а Саул Нигес беше стрелец за Челзи.

Во тек се уште два натпревари во ФА купот, а Саутхемптон во финишот води со 2:1 против Вест хем и Ливерпул има предност од 2:0 против Норвич по првото полувреме.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести