Трпат огромни загуби, но покажаа уште поголемо срце – Прифатија помали плати за да ги спасат вработените во клубот

Фудбалерите на Борусија Менхенгладбах прифатија да им се намалат платите со цел да им се помогне на вработените во клубот да го минат тешкиот период и кризата во планетарната битка со Коронавирусот.

Во клубот има двајца вработени што беа позитивни на тестот за вирусот, кои според зборовите на двајцата директори Стефан Шиперс и Макс Еберл се чуствуваат добро.

„Разговаравме со играчите за состојбата, која е најкритична откако постои Бундеслигата. Веднаш иницираа акција за помош на сите вработени во клубот и прифатија да им помогнат со откажување од дел од платите што ги имаат во клубот. Загубите што ги трпиме со прекинот на првенството се огромни, но покажавме дека сме солидарни и сплотени и во тепки времиња. Фудбалерите покажаа дека имаат силен какатер и оргомно срце“, велат Шиперс и Еберл.

Загубите на клубовите во Бундеслигата се огромни и веќе се мерат со стотици милиони евра, поради неиграње на натпревари.

Само како за пример Шиперс и Еберл наведуваат дека сите објекти на Борусија, како што се фан-шопови, спортскиот бар, хотелот… се затворени за посетители, а најголемиот удар е што нема пари од ТВ правата, маркетингот и влезници за мечевите од Бундеслигата.

 

- Оглас -

Најнови вести