Цел свет во исчекување на борбата на шампионите: Македонскиот фајтер Волкановски ветува победа против Махачев, а квотата е одлична

Александар Волкановски против Ислам Махачев ќе биде шлагот на фајтерскиот турнир кој ноќеска ќе биде во Перт, Австралија. Волкановски кој потекнува од Македонија и не ретко гордо го покажува и вее македонското знаме, е пред мечот на кариерата.

Махачев има 11 победи во 11 меча и тој е борец кој е наследник на легендарниот Хабиб Нурмагомедов. Волкановски е шампион во перо лесна категорија, а Махачев е доминантен во лесна категорија, што значи дека ова е борба на двајца шампиони.

„Целта е единствена, а тоа е да ги обединам титулите“, порача Волкановски на последното соочување со денешниот ривал. Оваа изјава на Волкановски наиде на воодушевување кај фановите затоа што Александар ќе се бори буквално пред своите навивачи во Австралија.

По ерупцијата од воодушевување кај навивачите, веднаш одговори Махачев кои порача дека тој ќе биде победникот на крајот.

„Тука сум 20-тина дена, ве почитувам сите, но по мечот ќе бидете разочарани“, рече Махачев.

Волкановски е фајтерот кој го држи актуелнито рекорд од 12 борби без пораз, во последните шест години. Сепак, според обложувалниците, Волкановски иако е пред домашната публика и толку време е без пораз, сепак е аутсајдер против Махачев.

- Оглас -

Најнови вести