Цел тим на Парма во карантин поради еден позитивен на корона-вирус

Парма потврди еден позитивен случај на ковид-19 по последните тестирања, по што целиот тим мора во карантин според здравствениот протокол.

Заразениот не е член на екипата, односно не е фудбалер, досега не покажал симптоми, а веќе е отстранет од останатите и се третира неговата состојба.

Првиот тим на Парма во следните две недели ќе мора да остане во клупскиот тренинг-центар, додека ова нема да направи проблеми за предвидениот дуел со Болоња кој е закажан за утре во рамки од 32-то коло во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести