Цела кариера во Милвоки? Па, зошто да не…

Еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата и актуелен МВП Јанис Адетокумбо, во летото 2021 година ќе биде слободен агент. По истекот на соработката со Милвоки бакс, во зависност од резулатите на екипата тој ќе одлучи дали ќе ја продолжи верноста на франшизата која му ги отвори вратите на најатрактивната кошаркарска лига во светот.

Неговиот агент Алекс Сарацис не ја отфрли можноста популарниот Грик Фрик да остане во Висконсин дури цела негова кариера, и да направи династија слична каква што имаше легендарниот Коби Брајант во ЛА лејкерс.

„Дојде како дете на 18 години кое не знаеше не знаеше да зборува англиски јазик. Ако малку подобро размислите, Јанис израсна во Милвоки и мислам дека цени сè што клубот и градот направија за него да се чувствува како дома. Тој верува во лојалност, верува и во луѓето кои стојат зад него од самиот почеток. Сепак, неговото продолжување на соработката многу ќе зависи од резултатите на тимот, но Јанис моментално не ме остава да размислувам однапред, целосно е фокусиран да го освои шампионскиот прстен оваа сезона“, изјави агентот Сарацис.

Според актуелниот четиригодишен договор, Јанис заработува по 25 милиони долари годишно, а евентуален нов договор може за двојно да му ја зголеми заработката.

Адетокумбо беше 15-ти пик на Милвоки на драфтот во 2013 година и прерасна во мега ѕвезда за брзо време. Оваа сезона е втор најдобар стрелец во НБА лигата со 30 поени по натпревар, додека со Милвоки е на врвот на Источната конференција, односно Бакси го имаат најдобриот учинок во целата лига со 46 победи и само 8 порази во досегашниот дел од регуларната сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести