Цели 14 години бранеше за Риека, а додека беше на свадба, доби отказ од клубот!

Најтрофејниот играч во историјата на фудбалскиот клуб Риека, 35-годишниот голман Андреј Прскало, доби отказ од клубот во кој мина 17 години, 14 бранеше таму, а веста дека веќе не сметаат на него ја добил додека бил на свадба.

Прскало со Риека освои седум трофеи. Од клубот му нуделе да биде тренер на голманите, но не прифатил.

„Од тим менаџерот ми беше кажано дека ме нема на списокот на играчи кои треба да се појават на подготовките, и тоа додека бев на свадба кај Домагој Павичиќ (играч на Риека н.з.). Не сум се слушнал со никого од раководството. Минав 17 години во клубот, бев тажен, но што да се прави. Во животот не оди секогаш така како што сакаме. Но, нема да се нервирам, не сакам да си го нарушам здравјето“ – раскажа Прскало.

- Оглас -

Најнови вести