Навивачите на германскиот бундеслигаш Фрајбург денеска беа разочарани од информацијата дека тренерот Кристијан Штрајх ќе си замине на крајот од сезоната. Штрајх како прв тренер на бундеслигашот работи од 2011 година, но многу подолго време работи во клубот.
Од 1995 до 2007 година беше главен во тимот за играчи до 19 години, а потоа четири години беше помошник-тренер во првиот тим. Тој беше во Фрајбург и во сезоната 1987-88, што значи дека цели 30 години има поминато во овој германски клуб.
Штрајх го предводел Фрајбург на 383 првенствени меча, што е убедливо најмногу од сите останати тренери во германското првенство. Тој денеска реши дека е доста и на крајот од сезоната ќе си замине од клубот.