Цели 425 минути беше без гол, а вечерва даде три и го однесе Интер на прво место (Видео)

Интер четири кола по ред не знаеше за победа во Серија А, па на италијанскиот првак во вистински момент му дојде дуелот со најслабиот тим во лигата, Салернитана. Интер славеше со 5-0, со хет-трик на Лаутаро Мартинес и два погодоци на Един Џеко.

Аргентинецот Мартинес немаше дадено лигашки гол во 2022 година, цели 425 минути беше без погодок во сите натпреварувања, а вечерва од 22-ра до 56-та минута, трипати ја тресеше мрежата на Салернитана. За него, ова е прв хет-трик после 14 месеци, а успеа да ја надмине бројката од 50 гола во Серија А.

Оваа победа го искачи Интер на прва позиција, со еден бод повеќе од Наполи и Милан кои в недела играат меѓусебе.

Ова е третиот гол на Интер, Лаутаро беше стрелец, а Џеко асистент:

https://twitter.com/i/status/1499853645147684864

- Оглас -

Најнови вести