Целиот свет ѝ се смее на лигата на Саудиска Арабија: „Според ова, и јас можам да играм фудбал“ (Видео)

Првенството на Судиска Арабија е најактуелно во светските медиуми поради големите трансфери кои ги прават нивните клубови, но квалитетот очигледно е далеку од потребното ниво.

На социјалните мрежи се појави видео од шутот на Абдулмаџид Ал-Сулаихем, фудбалер на Ал-Наср и соиграч на Кристијано Роналдо. Неговиот удар на мечот против Ал-Шабаб заврши високо на трибината, па следуваа коментари од типот: „Според ова, и јас можам да играм фудбал“ и “ќе им бидат потребни уште многу големи играчи ако сакаат да бидат сериозни“.

Според видеото, квалитетот на домашните играчи е многу слаб, иако Кристијано Роналдо неодамна изјави дека првенството на Саудиска Арабија е поквалитетно од МЛС-лигата во САД.

- Оглас -

Најнови вести