Цена како што прилега за меч од Лигата на шампионите: Карта за Струга ТЛ – Жалгирис изнесува 1.200 денари

Македонскиот фудбалски првак Струга Трим Лум се подготвува за дуелот против Жалгирис во квалификациите од Лигата на шампионите. Првиот дуел се игра на гости во Литванија на 11 јули, а реваншот е закажан следната недела на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.

За дуелот во Охрид веќе започнаа да се продаваат билетите и тие изнесуваат по 1.200 денари.

Според цената на билетите, ова е една од најскапите карти за европски дуел на еден македонски клуб. Поскапи карти продаваше Вардар за дуелот против Фенербахче во 2017 година, но и оваа сума од речиси 20 евра за еден билет е прилично скап билет за еден дуел на македонски тим во европските купови.

Сепак, челниците на Струга ТЛ решија дека со секој купен билет ќе се добие и маичка од тимот.

- Оглас -

Најнови вести