Цените на чадорите и мантилите за дожд „Ролан Гарос“ се ненормални

Ако сакате чадор на кој пишува Ролан Гарос, ќе треба да платите дури од 45 до 60 евра, а за обична кабаница, поточно мантил за дожд, 15 евра. Ваква беше вчерашната ситуација во Париз, каде што поради силниот дожд, не ни почнаа двата последни меча од машкото четврт-финале.

Гледачите се присилени да купуваат чадори и со часови да чекаат надевајќи се дека дождот ќе престане. Зависно од моделот, цените на чадорите се огромни за наши прилики.

Прогнозата за денеска е дека времето ќе биде убаво, па првиот носител Новак Ѓоковиќ против Александер Зверев ќе се обиде да дојде до полуфинале, во кое би играл со подобриот од Доминик Тим и Карен Хачанов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести