Церемонијата на доделување на „Златната топка“ годинава ќе се одржи во Лондон

Церемонијата на доделување на „Златната топка“ ќе се одржи во понеделник, 26-ти октомври во Лондон, наместо како досега во Париз.

За 70-годишнината, организаторите ја избраа Англија како почит кон првиот освојувач на трофејот, создаден во 1956 година од списанието „Франс фудбал“, англискиот репрезентативец Стенли Метјуз.

Ова нема да биде прв пат церемонијата да се одржува во странство. Изданијата во 2010, 2011, 2012, 2013, 2014 и 2015 година се одржаа во Цирих, Швајцарија, кога ФИФА беше ко-организатор на настанот. Сега церемонијата за доделување на наградите е организирана заеднички од „Франс фудбал“ и УЕФА.

„Златната топка“ ќе им биде доделена на најдобрите машки и женски играчи во сезоната 2025-2026, земајќи ги предвид сите национални и меѓународни натпреварувања, и клупски и репрезентативни, вклучувајќи ја Лигата на шампионите и, за мажите, претстојното Светско првенство (од 11 јуни до 19 јули, во САД, Канада и Мексико). Како и обично, победниците ќе ги избере жири од меѓународни новинари: 100 за мажи, кои ги претставуваат првите 100 земји на ранг-листата на ФИФА, и 50 за жени, кои ги претставуваат првите 50 земји на ранг-листата на ФИФА.

- Оглас -

Најнови вести