Сеск објасни како се игра фудбал во Франција: Бинг-бонг, бинг-бонг…

Сеск Фабрегас, поранешната ѕвезда на Арсенал, Барселона и Челзи, немаше проблеми да зборува за францускиот фудбал и начинот на којшто се игра. Играчот за врска на Монако има неколку замерки и смета дека Французите мора да се фокусираат на повеќе додавања од вообичаено.

„Во Франција се играат доста натпревари, а на кој начин се играат… Па, бинг-бонг, бинг-бонг. Разбирам дека е динамична играта, но некогаш треба да се застане, да се спушти топката на земја и да се поврзат 10 додавања. Ми се чини дека тука луѓето не сакаат ниту два паса да сврзат. Ми велат: Не се мисли многу, ослободи се од топката и не преземај ризик. А, всушност тоа е мојата филозофија. Никогаш нема да отстапам од неа, ќе преземам ризик, ќе додадам топка во средина или ќе се обидам за двојно додавање. Знам дека не можам физички да се мерам со голем дел од играчите, не бев ниту на 25 години, но заиграв многу млад и зад себе имам 800 одиграни натпревари, така што знам што правам со топката“, истакна Фабрегас.

- Оглас -

Најнови вести