Кошаркарите на Цибона направија голем подвиг само за 20 часа, одиграа два натпревара кои завршија во продолженија, и на двата победија.
Поради ситуацијата со Кошаркарската федерација на Хрватска, Цибона вчера играше против Цедевита јуниор и славеше по продолжението со 96:93.
Денеска Цибона играше натпревар во АБА-лигата и го совлада ФМП со 110:99.
Цибона по 23 кола има скор од девет победи и 14 порази и се наоѓа на десеттото место на табелата во АБА-лигата, само со една победа помалку од осмопласираниот Студентски центар.