Циркус – Челзи и Манчестер јунајтед во мртва трка за Сабицер, Википедија почна и да гата: Ќе игра за Црвените ѓаволи (Фото)

Вистинска драма се случува во последниот ден од преодниот рок, има многу трансфери и најави, а една од поинтересните е мртвата трка на Манчестер јунајтед и Челзи за австрискиот репрезентативец од Баерн, Марсел Сабицер.

И двата англиски гиганти сакаат до вечер, до полноќ да ја завршат работата и да го ангажираат одличниот фудбалер, а Баерн засега молчи и Википедија предвидува.

Една од најпознатите светски алатки за пребарување на информации и буквално напиша дека Марсел Сабицер ЌЕ игра за Манчестер јунајтед.

Нешто што не е својствено за Википедија, страница која стандардно се потпира на факти, а не на предвидувања.

Сабицер дојде во Баерн од Ред Бул Лајпциг во август 2021 година за сума од 16 милиони евра, но не е стандарден и сака да си замине.

Вечерва до полноќ е рокот за трансфери во поголемиот дел од земјите, односно во Топ-5 лигите во Европа.

 

- Оглас -

Најнови вести