Циркус на Силверстоун: Механичарот сакаше наопаку да ја намести гумата на болидот (Видео)

Возбудувањата во Формула 1 шампионатот продолжуваат денеска со квалификациите на трката на патеката во Силверстоун, за големата награда на Велика Британија. Возачите вчера ги имаа последните подготовки пред денешната борба за пол-позицијата, а во боксот на Мекларен се случи една комична ситуација.

Ландо Норис беше во боксот и чекаше да му бидат променети пневматиците, но работата заглави. Левата задна гума едноставно не сакаше да се намести на болидот, а механичарот по неколку секунди мачење, сфати дека всушност гумата е обратно свртена и дека така никогаш нема да се намести, па ја смени страната и успеа да ја заврши работата.

https://twitter.com/i/status/1542903020530401280

- Оглас -

Најнови вести