Циркузот започна: Кирјос со најчуднот сервис освои поен (Видео)

Ник Кирјос лесно го помина првото коло на Австралија опен, откако со 3:0 во сетови го победи Лиам Борди. По сетови, домашниот тенисер беше подобар со 6:4, 6:4, 6:3, а мечот ќе се памти по еден спектакуларен потег на Кирјос.

Во еден гејм на кој Кирјос беше на сервис, изведе неочекуван потег. Кирјос реши да сервира удирајќи го топчето меѓу нозе. Противникот моментално беше збунет и го удри топчето во аут, а публиката со воодушевување го поздрави потегот на домашниот тенисер.

https://twitter.com/i/status/1483361639550394371

- Оглас -

Најнови вести