Циципас четири и пол часа се мачеше со 267-морангираниот Кокинакис

Стефанос Циципас се пласира во третата рунда од ОП на Австралија, меѓутоа шестиот најдобар тенисер во светот многу се изнамачи да триумфира против 267-морангираниот Танаси Кокинакис. Најдобриот грчки рекет по четири часа и 36 минути го доби дуелот по пет сета, со 6-7, 6-4, 6-1, 6-7, 6-4.

Циципас наиде на тврд орев од домаќинот на гренслемот, кој му го одзеде првиот сет во тајбрејк со 7-5 по 65 минути игра. Циципас веќе во следните два сета поведе со 2-1, а наместо да ја искорити меч-топката при резултат 5-4 во четвриот сет, Кокинакис се спаси и повторно во тајбрејк му го одзеде сетот на фаворитот.

Брејкот за 3-2 во гемови во одлучувачкиот сет беше доволен за Циципас да дојде на чекор од посакуваниот триумф, по што не ја пропушти втората меч-топка на средбата да означи крај.

Циципас во четвртото коло ќе ги одмери силите против Микаил Имер.

- Оглас -

Најнови вести