Циципас го освои поенот на годината, гледачите останаа во неверување (Видео)

Стефанос Циципас се пласира во второто коло на Отвореното првенство на Австралија откако со 3:1 во сетови го победи белигскиот тенисер Зизу Бергс. Грчкиот тенисер беше голем фаворит пред дуелот со Бергс, но Белгиецот го доби првиот сет со 7:5.

По загубениот сет, како да се вклучи алармот за Циципас да се „разбуди“ и потоа без многу мака ги доби следните три сета со 6:1, 6:1 и 6:3 за конечен триумф. Циципас на овој меч го доби и најспектакуларниот поен во досегашниот дел од сезоната, откако успеа да врати една топка која веќе беше на противничката половина, а Гркот успеа да стигне и да ја удри и да освои поен.

- Оглас -

Најнови вести