Циципас лесно го избегна сценариото на Ѓоковиќ

Стефанос Циципас не му дозволи на Даниел Еванс да го повтори сценариото со сензационалната победа против Новак Ѓоковиќ и со убедлива победа од 6:2, 6:1 се палсира во финалето на АТП турнирот од мастерс серијата во Монте Карло.

Гркот беше доминантен, му дозволи на изненадувањето на турнирот да освои само три игри и за нешто повеќе од еден час успеа да победи за пласман во третото мастерс финале.

Претходно Еванс го приреди најголемото изненадување на турнирот со победа од 2:0 во сетови против Новак Ѓоковиќ во осминафиналето.

Противник на Циципас утре во мечот за титулата ќе му биде победникот од второто полуфинале меѓу Андреј Рубљев и Каспер Руд.

Тој дуел ќе се игра од 15,10 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести