Циципас можеше да биде дисквалификуван, го спасија неколку сантиметри (Видео)

Русинот Карен Качанов и Стефанос Циципас од Грција го сочинуваат првиот полуфинален пат на Гренд слем турнирот во Мелбурн. Еден од овие двајца тенисери ќе има шанса да игра во финалето на Австралија опен, а малку фалеше Циципас сам да ја упропасти оваа можност.

Гркот имаше убедлива предност од 2:0 во сетови против Чехот Јиржи Лехечка и водеше со 4:3 во гејмови во третиот сет, кога во еден момент Циципас ги загуби нервите. По еден загубен поен, Циципас нервозно го удри топчето, а во тој момент девојчето кое тргна да го собере топчето се наоѓаше во непосредна близина.

Топчето заврши само неколку сантиметри од девојчето кое остана преплашено. Според тениските правила, доколку еден тенисер удри човек кој е на теренот и тоа кога не се игра поен, значи автоматска елиминација. Таков беше случајот со Новак Ѓоковиќ кога на САД Опен со топче ја удри во грлото жената која беше задолжена за собирање на топчињата. Овојпат, Циципас имаше повеќе среќа од Ѓоковиќ на САД Опен.

 

 

- Оглас -

Најнови вести