Циципас на земјата во Рим испадна поголема ѕверка од Зверев

Стефанос Циципас е првиот финалист на Мастерсот во Рим, откако попладнево во полуфиналето го совлада Александер Зверев со 4-6, 6-3, 6-3. Гркот во финалето ќе игра со Новак Ѓоковиќ или Каспер Руд.

Циципас кој лани беше финалист на „Ролан Гарос“, оди по прва титула во Рим, и трета од Мастерс серијата 1000 во кариерата. Со оваа победа, Циципас речиси си обезбеди да биде четврти носител на „Ролан Гарос“, Рафаел Надал ќе биде петти, и ова значи дека Рафа би можел да има многу тешко четвртфинале на турнирот кој го освојуваше дури 13 пати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести