Циципас по шести пат ќе игра гренслем-полуфинале

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас по шести пат обезбеди пласман во едно гренслем-полуфинале, откако за два часа и 19 минути во три сета со 6:3,7:6,6:4 го победи Чехот Јиржи Лехечка во четвртфиналето.

Циципас од шесте полуфиналиња на гренслем-турнирите, дури четири ги обезбеди токму во Мелбурн.

Иако мечот го доби во три сета, дуелот меѓу фаворитот и аутсајдерот не беше еднонасочна улица бидејќи Лехечка ги пропушташе своите шанси, а тоа Циципас безмилосно го казнуваше.

Циципас во првиот сет направи еден сет уште во вториот гем, што му беше доволно со сигурен сервис да ја задржи предноста и да поведе со 1:0 во сетови.

Во вториот сет немаше брејкови, но единствените брејк-шанси ги имаше Лехечка. Чехот не успеа да искористи ниту една од петте брејк топки и на крајот го загуби сетот во тај-брејкот.

https://twitter.com/i/status/1617865265798328322

Во третиот сет, повторно еден брејк беше одлучувачки, Циципас во последниот десетти гем го одрезе сервисот на противникот и го потврди триумфот и пласманот во полуфиналето.

Циципас минатата година загуби во полуфиналето во Мелбурн од Данил Медведев, а сега ќе игра против уште еден Русин, Карен Качанов.

Втората полуфинална двојка ќе биде позната по утрешните дуели меѓу Ѓоковиќ и Рубљов, односно Пол и Шелтон.

- Оглас -

Најнови вести