Циципас победи во Монте Карло и стана прв Грк кој освоил Мастерс турнир

Стефанос Циципас го освои Мастерсот во Монте Карло, со победа од 6-3, 6-3 во финалето против Андреј Рубљов. Циципас е 71-ви тенисер кој освоил Мастерс во историјата, а прв Грк. Циципас имаше осум загубени финалиња на мастерсите, и конечно го разби малерот.

За 22-годишниот Циципас, ова е шеста АТП титула во кариерата, а со победата на силниот турнир кој се игра на земјена подлога, најавува можен атак на титулата на „Ролан Гарос“.

- Оглас -

Најнови вести