Стефанос Циципас е елиминиран уште во првото коло на УС опен. Тој традиционално игра слабо во Њујорк, а вечерва загуби од Танаси Кокинакис со 3-1 во сетови.
Австралиецот го доби првиот сет во тај-брејк, Циципас израмни на 1-1, но потоа Кокинакис ги доби останатите два сета со 6-3 и 7-5.
Чешкиот тенисер Јакуб Менсик направи изненадување елиминирајќи го Феликс Оже – Алијасим со 3-0 во сетови (6-2, 6-4, 6-2).
Кај дамите, Каролине Вознијацки со 6-0, 6-1 ја декласираше Јапонката Хибино, Ига Швјонтек со 6-4, 7-6 ја победи Камила Рахимова, а Наоми Осака ја совлада Јелена Остапенко со 6-3, 6-2.