Циципас со право се чуди – Бекхендот на Ѓоковиќ е чудо (Видео)

Стефанос Циципас изјави дека никогаш досега не играл против тенисер што има бекхенд како Новак Ѓоковиќ, а најдобриот тенисер на светот токму со два такви удари го одигра веројатно и најдобриот поен на турнирот во Мадрид.

„Што е ова? Новак го има најдобриот бекхенд и со него лесно може да контролира меч против секој тенисер на светот. Такво нешто не сум видел досега. Има целосна контрола и може потоа да одигра што сака. Невозможно е да му се спротивставите. Има и многу други добри тенисери со прекрасни удари, но моментно само Ѓоковиќ може да игра неверојатно добро во континуитет“, вели Циципас.

Токму видеото со веројатно најдобриот поен во режија на Ѓоковиќ ги потврдува комплиментите на Циципас. Прво одбрана со страшно добар бекхенд, а потоа и реализација со уште еден прекрасен бекхенд.

- Оглас -

Најнови вести