Црна боја на Ферарито на Иџе во чест на жртвите од трагедијата во Кочани

Големиот македонски автомобилски шампион Игор Стефановски-Иџе во претстојниот период на трките низ Европа ќе настапува со „зацрнето“ возило. Ферарито на Иџе досега беше целосно црвено со реклами во други бои, а сега задниот дел ќе биде целосно црн во знак на тага и оддавање чест на жртвите од трагичниот пожар во Кочани кој однесе 59 млади животи.

„Во чест на жртвите од трагедијата во Кочани. Црна боја на моето возило со кое ќе настапувам на трките низ Европа како знак на почит кон оние што ги загубија животите во оваа страшна несреќа. Ова не е само боја – ова е порака на сочувство, солидарност и поддршка за нивните семејства и најблиски. Некои победи се на патеката, но вистинските победи се кога сме заедно во тешките моменти. Почивајте во мир“, порача Иџе на „Фејсбук“.

- Оглас -

Најнови вести