Црна Гора и Србија на сè или ништо, играат и за својата гордост и чест

Победникот останува во игра, а поразениот може да се пакува и да чека да си замине дома. Ова го носи денешниот дуел на соседите Црна Гора и Србија на Европското првенство во ракомет. И Србите и Црногорците беа поразени на стартот на ЕП во групата во австриски Грац, и веќе немаат право на грешка.

Црна Гора има едно реми и 15 порази на 16 меча на европските првенства, и мислат дека е дојдено време да победат. Поразот од Хрватска во првото коло беше очекуван, реално е да се надеваат на победа против Србите кои беа надиграни од Белорусија.

Men’s EHF EURO 2020 Sweden, Austria, Norway – Preliminary Round – Group A, Belarus – Serbia, Stadhalle Graz, Graz, Austria, 09.1.2020, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

„Ова е одлучувачки натпревар, или одиме понатаму, или се враќаме дома со подвиена опашка. Ова е работа и на гордост, чест, инспирација, и одговорност која сите ја носиме кога ја претставуваме својата земја“ – вели српскиот селектор Ненад Перуничиќ кој е роден во Црна Гора.

Во српската репрезентација има двајца играчи родени во Црна Гора, а еден црногорски ракометар е роден во Србија.

ДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА: Хрватска – Белорусија (16 часот), Летонија – Холандија (16), Унгарија – Русија (16), Црна Гора – Србија (18.15), Данска – Исланд (18.15), Шпанија – Германија (18.15).

- Оглас -

Најнови вести