Црно-белите беа тврд орев и за Манчестер јунајтед и за Лацио

Манечстер јунајтед и Лацио одиграа само 0:0, иако беа фаворити против Њукасл и Удинезе во Премиер лигата, односно во Серија А.

Интересно е тшо како тврд орев за двата гиганти се покажаа екипите чии симболи се „црно-белите“ бои.

И Манчестер на „Олд Трафорд“ и Лацио на „Олимпико“ имаа доминација и поголе посед на топката, но на крајот не успеаа да го скршат отпорот на незгодните ривали и ремизираа 0:0.

За Удинезе не играше Илија Несторовски, кој остана на клупата за резерви.

Специја и Кремонезе одиграа 2:2 во истиот термин од 15 часот, а претходно Интер ја победи Салернитана со 2:0 во денепните мечеви во Италија.

Челзи славеше со 2:0 на гости кај Астон Вила, Саутемптон и Вест Хем ремизираа 1:1, а мечот меѓу Лидс и Арсенал доцнеше и по еден час игра гостите од Лондон водат со 1:0.

Натпреварот беше прекинат поради прекин на струја, а системот на комуникација меѓу судиите предизвика прекин од над половина час.

- Оглас -

Најнови вести