Црногорската федерација со голема финансиска помош за клубовите

Извршниот одбор на Фудбалската федерација на Црна Гора донесе одлука за финансиска помош на тамошните клубови кои се погодени од пандемијата на корона-вирусот. На чело на Фудбалската федерација на Црна Гора е прославениот некогашен фудбалер Дејан Савичевиќ, кој со своите соработници реши дека сега е потребно да се помогне на клубовите.

Вкупната сума одвоена за помош ќе изнесува преку три милини евра, а ќе биде дадена во неколку етапи во следните две и пол години. Десетте клубови кои се во елитниот ранг најпрво ќе добијат по 25.000 евра помош за да може да ја доиграат оваа сезона, додека за следните две сезони Федерацијата ќе ги „почасти“ клубовите со по 80.000 евра.

Секако, не беа заборавени и клубовите од пониските рангови, па второлигашите за оваа сезона ќе добијат по 15.000 евра, а во следните две сезони ќе добијат финансиска помош од по 40.000 евра. За екипите од третиот ранг на натпреварување, во кој учествуваат 25 клубов,и сега ќе има по 1.500 евра помош, а за следните две сезони ќе добијат по 4.000 евра.

Финансиска помош ќе добијат и клубовите во женски фудбал, како и футсал-екипите.

- Оглас -

Најнови вести