Црногорски голман доби отказ од клубот затоа што одби да прими вакцина од „Астра Зенека“

Црногорскиот голман Милан Јеловац бранеше во лигата на Малдиви, но клубот Иглс од егзотичната островска држава му дадоа отиказ, затоа што одби да прими вакцина против коронавирусот. Сите во клубот морале да примат вакцина и тоа од производителот „Астра Зенека“, но Јеловац како и најголем дел од странците, не прифатиле.

„Не сакав да ја примам вакцината од Астра Зенека, и не бев единствен кој одби. Од четворица странци во мојот клуб, тројца одбивме, а слично беше и во другите клубови. Не одбивав вакцинација, туку не сакав да се вакцинирам со таа вакцина. Не прифатив, па и јас како и 90 проценти од странците, бевме отпушени“ – раскажува Јеловац.

Јеловац три месеци мина во премиерлигата на Малдивите. Тој е разочаран што не им бил даден избор да изберат со која вакцина ќе се вакцинираат, па мораше да си замине од рајските острови.

- Оглас -

Најнови вести