Фудбалски циркус во Црна Гора – На Лавот од Сенегал не му дадоа да шутира пенал, ќе ги тепаше соиграчите (Видео)

Сенегалецот Мамаду Менди направи хаос на теренот и сакаше да ги тепа соиграчите откако тие не му дозволија да го изведе пеналот за ОФК Петровац против Рудар Плевља во 73-тата минута.

Мечот од црногорското првенство се претвори во вистински циркус, а Менди едвај беше сопрен од своите соиграчи за да не направи поголем инцидент.

Тој сакаше да го шутира пеналот, но беше одлучено тоа да го стори Бразилецот Чагас, па Сенегалецот направи хаос на теренот.

За да биде циркусот комполетен, се погрижи судијата, кој додели два жолти картони, едниот за Менди, а вториот за играчот на ОФК Петровац, кој се обидуваше да го смири.

Бразилецот Чагас погоди од белата точка и ОФК Петровац победи во Плевља со 1:0 на меч што ќе се памети по инцидентот на гостите во 73-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести