Црногорскиот селектор откри кои им се слаби страни

И Македонија и Црна Гора шансата за прва победа и избегнување на последното место во групата во Дебрецин ќе го бараат во утрешниот меѓусебен дуел од 18 часот. По поразите во првото коло и со некомплетни состави, овие два тима ќе бараат шанса за рехабилитација.

Црногорскиот в.д. селектор Драшко Мрваљевиќ има многу проблеми со повредени и ковид позитивни играчи, на листата на кратко се приклучи и Бранко Вујовиќ, кој вчера се повреди против Данска, но подоцна продолжи да игра.

Слично како и нашиот национален тим, Црна Гора принудно е подмладена, против Данска настапи со петмина дебитанти на европски првенства.

„Има простор да се поправат играта еден на еден, два на еден, како и со тројца на просторот што го браниме, но момците се млади, првпат играат на ЕП. Се надевам дека по тестирањето нема да добиеме некое ново непријатно изненадување и да останеме без уште некој играч. Инаку, нема причина да не одиграме натпреварувачки и дисциплинирано против Македонија. Ќе дадеме сè од себе, а се надевам и дека Зоран Рогановиќ ќе биде тука и ќе ја води екипата“, рече Мрваљевиќ.

- Оглас -

Најнови вести