Црногорското дерби не заврши, Зета го обвини судијата за расизам

Балканскиот котел проработи на локалното дерби во Црна Гора меѓу Будуќност и Зета, а мечот е прекинат и има сериозни обвинувања и за расизам.

Судијата Никола Дабановиќ досуди пенал во 75. минута за Будуќност при резултат 0:0, Божовиќ погоди за предност на домаќините и потоа настана хаос.

Гостите од Голубовци протестираа и добија четири црвени картони, по што го напуштија теренот. И потоа и го обвинија судијата и за пристрасност, но и за навреди кон црномурестиот фудбалер во нивните редови, Алфонс Сопо.

„Е*и се црнец“, ми рече во еден момент судијата Дабановиќ. Одлично го разбирам јазикот, бидејќи веќе пет години играм во Црна Гора, изјави Сопо по мечот.

Камерунецот дури обвини дека слични навреди доживеал и претходно од друг судија во Црна Гора. Зета ја чека казна за предвреме напуштен терен, а гостите добија вкупно четири црвени картони.

Во првото полувреме исклучен беше Калезиќ, а пред спорниот пенал и водството на Будуќност црвен картон доби и Симовиќ. Потоа и Крстовиќ и Ламбулиќ беа исклучени, по што комплетната експедиција на гостите го напушти теренот во 80. минута.

 

- Оглас -

Најнови вести