Црвена Звезда го освои контроверзниот турнир во Русија на кој играше и Џеко

Екипата на Црвена Звезда од Белград го освои турнирот во Ст. Петербург, откако забележа победи на сите три натпревари, против Зенит, Нефчи и Фенербахче.

Овој турнир предизвика контроверзи откако босанскиот интернационалец и нов фудбалер на Фенербахче одбиваше да патува со екипата во Русија, односно како што сам изјави “во земјата агресор“, но сепак Един Џеко настапи на дуелот против Црвена Звезда во рамки на Пари Премиер Купот во Ст. Петербург, а не настапи само на дуелот против домаќинот Зенит.

Црвена Звезда за освојувањето на турнирот доби парична награда од 50.000 евра, а до крајот на натпреварувањето треба да се одигра уште натпреварот помеѓу Нефчи Баку и Фенербахче кој ќе одлучува за третото место.

- Оглас -

Најнови вести