Црвена ѕвезда и уште три екипи во Европа го имаат митот на непобедливи

Италијанскиот првак Јувентус покажа дека е ранлив и во Серија А. „Старата дама“ вчера загуби на гостувањето кај Џенова со 2-0 и тоа беше прв неуспех сезонава за лидерот во Kалчото. Горан Пандев е херојот на Џенова. Капитенот на македонската репрезентација најпрво асистираше за водство на домаќините од 1-0, а потоа даде прекрасен гол за 2-0.

До овој меч, Јувентус имаше 24 победи и три нерешени средби и беше тимот со најдобар биланс во цела Европа. Сега, по поразот на „старата дама“, овој примат ѝ припадна на Црвена ѕвезда. Српскиот првак едноставно „гази“ во домашното првенство, а тоа беше потврдено со вчерашната победа на гости кај Рад од 3-0. „Црвено-белите“ сега имаат биланс од 24 победи, три ремија и ниту еден пораз.

Освен Црвена ѕвезда, без пораз во европските првенства се само уште три екипи. Грчки ПАОК има биланс од22 победи и три ремија, а Макаби Тел Авив е со 21 победа и шест нерешени средби. Слован од Братислава во досегашниот дел од словачкото првенство се радуваше на 19 триумфи, а четири средби ги одигра нерешено, но нема ниеден пораз.

Првенствата низ цела Европа се во завршна фаза, па останува да се види дали ќе издржат овие четири екипи и да се фалат со тоа дека цела сезона ја поминале без ниту еден пораз.

 

- Оглас -

Најнови вести